Хотел Аура
Охрид
21 EU
Цена од
Хотел „Аура“ за незаборавно опуштање покрај Охридското Езеро.
Сместен на самиот брег на Охридското езеро, во непосредна близина на Охрид, со впечатлива глетка на езерската шир која плени, поранешниот хотел „Бетон“, кој сега се ребрендира во хотел „Аура“ нуди можнот за креирање незаборавни спомени.
Во непосредна близина на градот, а сепак притаен меѓу Галичица и Охридското езеро, како да ги спојува планината и крајбрежјето, опкружен со сопствен парк од прекрасно зеленило и дрвја, чии сенки нудат мир и спокојство.
Хотелот „Аура“ го нуди едно од најнезаборавните опуштања со утринско кафе или со романтична вечера, а доживувањата остануваат врежани таму каде се чуваат само најубавите моменти кои се прераскажуваат како дел од животните приказни.
Со своите 74 високо-модерно опремени соби и апартмани, со врвната услуга и специјалитети, со сопствената плажа со бар, летна тераса со магичен поглед , „Аура“ не остава ниеден гостин да си замине рамнодушен, крунисувајќи ја целата приказна со прекрасни сеќавања кои будат постојана желба за уште едно несекојдневно искуство покрај Охридското Езеро.
Цени
Висока сезона од 15 Април до 15 Септември 2021
Доручек со појадок 24 еу по лице по ден во двокреветна или трокреветна соба
Доручек со вечера 32 еу по лице по ден во двокреветна или трокреветна соба
Ниска сезона 1 Јануари дo 15 Април и 15 Септември до 31 Декември 2021
Доручек со појадок 21 еу по лице по ден во двокреветна или трокреветна соба
Доручек со вечера 29 еу по лице по ден во двокреветна или трокреветна соба
Програма
Сопствена организација
Во цената е вклучено
Екскурзии
За резервација на 5 или повеќе ноќевања - попуст на билет за брод до Св. Наум.
Трансфер
На барање
ВАЖНО
Цените се изразени во евра, а курсот на еврото е 62 денари.
Деца до 6 години бесплатно.
Деца 6 - 12 години 50% попуст.
За откажување на резервацијата во период до 30 дена пред пристигнувањето-без наплата.
За откажување на резервацијата во период пократок од 14 дена пред пристигнувањето - 50% од цената.
За откажување на резервацијата во период пократок од 7 дена пред пристигнувањето - 100% од наплатата.